Милански Интер е најблиску до потписот на францускиот репрезентативец и напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам.
Турам беше мета на Интер уште пред две години и беше блиску до трансфер во Милано, но се повреди и трансферот пропадна во последен момент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Турам истакна дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на шампиони, па неколку гиганти ја почнаа трката за неговиот потпис.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е во пол-позиција за неговиот потпис и дека е во напреднати преговори со неговиот агент.