Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието на медиумите откако сите реномирани француски медиуми објавија дека сака да си замине од ПСЖ.
Според последните информации Мбапе не бил задоволен затоа што клубот не му исполнил одредени ветувања. Француската легенда Емануел Пети и претходно знаеше да го коментира однесувањето на Мбапе, па тоа го направи и сега.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Однесувањето и коментарите на Мбапе покажуваат непочитување кон клубот. Неприфатливо е тоа што го прави. Слушаме дека не биле исполнети некои ветувања, но јас имам нешто да му кажам – Килијан, порасни животот е таков!
Многу ветувања не се исполнуваат, а тоа не значи дека на се треба да реагираш. Едноставно животот на возрасните е таков. На сите им е преку глава што неговите лични работи си ги става пред клупските“, изјави Петит.
Ќе потсетиме, Мбапе минатата недела го крена гласот и кога објави стори на Инстаграм како се жали од позицијата на која играл против Ремс, но истото набрзо го избриша.