Повторно Французите пишуваат за потенцијалниот трансфер на Нејмар во Реал Мадрид.
Од поодамна се пишува дека Нејмар не е среќен во Париз и дека сака враќање во Шпанија како негова дестинација во главно се споменуваше најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова лето „кралевите“ останаа без Кристиано Роналдо и многумина токму во Нејмар гледаат адекватна замена за Португалецот, а денес францускиот „Ле10Спорт“ пренесува дека преговорите помеѓу таткото на Нејмар кој е и негов менаџер со Реал Мадрид се во тек подолго време.
Споменатиот медиум додава и дека конечно истите вродиле со плод, односно дека таткото на Нејмар ги договорил условите на неговиот син во Мадрид кои не се откриваат.
Сепак и да е така, на Реал би му преостанал потешкиот дел од работата, а тоа е да се убедат богатите сопственици да ја продадат нивната прва ѕвезда.
Треба да се потсети и дека сонародникот на Нејмар, легендарниот Ривалдо неодамна тврдеше дека според него Нејмар порано или подоцна ќе го облече дресот на „кралевите“.