Дома Топ вести „Франс Фудбал“ тврди: Реал спреми 280 милиони за Мбапе

„Франс Фудбал“ тврди: Реал спреми 280 милиони за Мбапе

Еминентниот француски весник „Франс Фудбал“ тврди дека раководството на Реал Мадрид е спремно да испрати примамлива понуда за ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Веќе подолго време се шпекулира дека Реал Мадрид го сака Килијан Мбапе, а шпекулациите се интензивираа откако Зинедин Зинан се врати на клупата на „кралевите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Франс Фудбал“ објави детали кои наведуваат на заклучок дека токму Мбапе би требало да стане наредниот „Галактикос“, играчот околу кој Реал Мадрид ќе ја гради иднината.

Според информациите на францускиот магазин, Реал Мадрид ќе ги вклучи сите можни ресурси кога се финансиите во прашање и е спремен да издвои астрономски 280 милиони евра за брзоногиот напаѓач.

„Кралевите“ имаат подготвен план, па ќе се обидат да го убедат Ал-Келаифи да се согласи на трансфер вреден 280 милиони евра, а се спремни во трансферот да вклучат и некои играчи како Иско или Хамес Родригез.

Освен тоа Французите откриваат и дека за Мбапе е спремна најголемата плата во соблекувалната на Реал, односно околу 16 милиони евра по сезона.

Сепак, тешко ќе биде да се убедат богатите „светците“ да ја пуштат својата ѕвезда, за која во неколку наврати устакнаа дека не е на продажба по никоја цена.

https://youtu.be/arq9YK8ThxE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …