Дома Трансфер зона (Фото) Шчесни пристигна во Торино на прегледи!

(Фото) Шчесни пристигна во Торино на прегледи!

Полскиот голман се враќа во Италија, од наредната сезона тој ќе биде втор голман во тимот на Јувентус.

Војчех Шчесни пристигна во Италија каде што треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со италијанскиот шампион.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Топџиите“ како оштета за послкиот чувар на мрежата ќе добијат 12 милиони евра плус три како бонуси. Шчесни веќе во четврток ќе ја започне новата авантура и ќе биде дел од турнеата на италијанскиот клуб во САД.

Шчесни во Јувентус пристигнува како замена за Бразилецот, Нето кој кариерата ја продолжи во шпанската Примера, во екипата на Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…