Огромната донација ќе оди на сметката на детската болница во Келн и Диселдорф откако Тони Крос, играчот на Реал Мадрид успеа да собере повеќе од 600,000 евра.
Во изминативе две години неговата фондација работеше за да им помогне на децата во овие градови, а со продажбата на дресот од финалето во ЛШ против Јувентус, Крос собра точно 642.041,11 евра.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Аукцијата беше поддржана од страна на голем број спортски и јавни личности од Германија, пренесува Марка, а Крос, освен што покажа дека е голем мајстор на теренот, сега покажа дека е човек со големо срце.
Овој потег никого не остави рамнодушен, и предизвика восхит како во областа на спортот, така и во другите јавности во Европа и светот.