Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФОТО: Откриен изгледот на дресовите на Бразил за Светското првенство

ФОТО: Откриен изгледот на дресовите на Бразил за Светското првенство

Репрезентацијата на Бразил е една од најголемите фаворити за освојување на Светското првенство во Русија.

Кариоките пред дебакалот пред домашните навивачи пред четири години ќе бараат нова шанса за шестиот наслов шампион на светот, а во Русија ќе патуваат со навистина спектакуларен тим, кој ќе го предводи Нејмар. „Најк“ за Мундијалот им подготви на Бразилеците посебни дресови. Нивниот изглед навистина е одличен и откриен е неколку месеци пред стартот на првенството.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За разлика од претходните дресови, Бразилците се одлучиле на некои мали промени. Бојата на новиот дрес ќе биде за нијанса потемна од претходната, а самиот дизајн не доживеа премногу промени. Меѓутоа без оглед на бојата на дресот, Кариоките ќе мораат да се потрудат на теренот да докажат дека се едни од најдобрите во светот и од нив се очекува да го подигнат трофејот на крајот на првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Милевски: Додека сум јас тука, никого нема да потцениме!

Македонската А репрезентација утре од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во…