Дома Трансфер зона ФОТО: Нејмар пристигна на медицински прегледи

ФОТО: Нејмар пристигна на медицински прегледи

Бразилскиот напаѓач Нејмар пристигна денеска на медицински прегледи во Порто пред трансферот во ПСЖ.

Нејмар денеска со приватен авиот слета на аеродромот во Порто каде што ќе ги направи медицинските прегледи пред најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. „Sky Sports“ пренесува дека екипата на ПСЖ денеска ќе им исплати на Барселона 222 милиони евра, колку што изнесува клаузулата, а Бразилецот ќе биде претставен утре.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Нејмар во ПСЖ ќе заработува неверојатни 666.000 евра неделно, а ќе потпише договор на пет години. Потсетуваме, Нејмар вчера пристигна на тренингот на Барселона за да ги извести соиграчите и тренерот, а Барса на Твитер профилот потврди дека му е дозволено отсуство од тренингот за да го заврши трансферот во ПСЖ.

Нејмар во Барса пристигна летото 2013. година од Сантос, а во дресот на Каталонците во Ла Лига одигра вкупно 123 меча и постигна 68 гола со 53 асистенции.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…