Ѕвездата на Барселона, Нејмар утринава со своето Ферари доживеа сообраќајна несреќа на патот кон аеродромот од каде заедно со своите соиграчи требаше да патува за Сан Себастијан на вечерашниот дуел против Реал Сосиедад.
Судирот не бил многу тежок, но Нејмар сепак доживеал потрес на мозокот и во моментов не се знае дали ќе биде во комбинација за вечерашното, традиционално незгодно, гостување за Барселона.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Нема информации за тоа кој бил виновен за инцидентот, а „Ферарито“ кое што го вози Нејмар вреди 200.000 фунти.