Најскапото засилување на Барселона, Осман Дембеле, имаше лоша среќа и се повреди на својот прв натпревар како стартер во дресот на Барселона.
Да потсетиме, Дембеле се повреди во натпреварот против Гетафе после само нешто повеќе од дваесетина минути игра во првиот дел. Фудбалерот кој ова лето пристигна од Борусија Дортмунд заработи повреда на задната ложа, па мораше да замине на итна операција во Финска.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првите прогнози беа дека Дембеле од терените ќе отсуствува четири месеци, така и соопштија од Барселона. Но, фудбалерот преку својот Инстаграм профил објави слика под која испрати порака дека на терените се враќа за само два месеци.
Оваа информација од клубот сеуште не ја потврдиле, но со оглед на тоа дека доаѓа од самиот фудбалер, можеме да му веруваме и ова се фантастични вести за сите фанови на каталонскиот гигант.