Херојот на Севиља од натпреварот против Манчестер Јунајтед, Бен Једер доби повик во репрезентацијата на Франција каде што се сретна со Пол Погба.
Севиља го елиминираше Манчестер Јунајтед од Лигата на шампиоите. После 0:0 во Андалузија, Шпанскиот клуб на „Олд Трафорд“ стигна до победа од 2:1, а двата погодоци за својот тим ги постави Бен Једер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На собирот на репрезентацијата на Франција пред пријателските натпревари се сретнаа Пол Погба и Једер кој не пропушти прилика преку друштвените мрежи да го „боцне“ фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
Напаѓачот на Севиља на својот Твитер профил постави фотографија на која се ракува со Погба со текст „Без лутење“…
No hard feelings ?❤️ @paulpogba pic.twitter.com/xkCwisZpkb
— Wissam Ben Yedder (@WissBenYedder) March 19, 2018