Екипата на Челзи денеска се соочи со голем проблем.
Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи да ги казни „Сините“ така што им забрани доведување на нови фудбалери во следните два трансфер периоди. Казната е изречена поради тоа што клубот од „Стемфорд Бриџ“ наводно нелегално потпишал договори со млади фудбалери, а од клубот веднаш објавија дека ќе поднесат жалба.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Доколку таа не се усвои, Челзи ќе има голем проблем, бидејќи нема да може да доведе нови играчи, а англиските медиуми веднаш започнаа со предвидувањата како би можело да изгледа нивниот состав за следната сезона. Договорот со Игуаин веројатно нема да биде откупен, па одличниот 21-годишен Абрахам ќе биде вратен од позајмица. Станува збор за напаѓач кој оваа сезона играјќи за Астон Вила постигна дури 20 гола во Чемпионшип. Пулишиќ доаѓа на лето откако што беше купен во јануари, а Еден Азар најверојатно ќе си оди во Реал.
Кога станува збор за остатокот од екипата, веројатно нема да има поголеми проблеми. Всушност, погледнете и сами: