Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси пред неколку дена беше избран за најдобар играч во светот за 2019. година во изборот на ФИФА.
Меси имаше одлична сезона во дресот на Барселона со кого успеа да дојде до титулата шампион на Шпанија. Постигна дури повеќе од 50 гола и заслужено ја освои Златната копачка. Во изборот за „The Best“ ги победи Ван Дајк и Роналдо, но многу внимание предизвикаа и гласовите на овие играчи во изборот на ФИФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е тоа што Роналдо не гласал за неговите конкуренти. Шпанските медиуми веднаш напраивја анализа на гласовите со оглед на тоа што не е прв пат Меси да му даде гласови на Роналдо, а од другата страна звучи неверојатно дека Португалецот во изборот за играч на годината никогаш не гласал за Аргентинецот.
Меси како капитен на Аргентина му дал гласови на Роналдо два пати. Тоа го направи оваа и минатата година. Од другата страна изборите на Роналдо се чудни, а неколку години гласаше само за тогашните соиграчи од Реал Мадрид.