Дома Трансфер зона ФОТО: Дефанзивецот на прегледи – Наполи наскоро го претставува првото засилување

ФОТО: Дефанзивецот на прегледи – Наполи наскоро го претставува првото засилување

Наполи наскоро ќе го претстави првото засилување за следната сезона.

Станува збор за дефанзивецот на Емполи, Џовани Ди Лоренцо, кој во моментов ги завршува лекарските прегледи пред трансферот во клубот од „Сан Паоло“. Наполи за услугите на овој 25-годишен фудбалер ќе плати осум милиони евра, додека екипата која се враќа во Серија Б би можела да заработи уште еден милион на име од бонусите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во сезоната зад нас запиша 37 настапи во најелитниот ранг на италијанскиот фудбал, постигна пет гола и запиша три асистенции, а првиот човек на клубот од Неапол, Ауерлио Де Лаурентис сакаше што побрзо да го заврши овој трансфер, за другите заинтересирани страни не би се вмешале и потенцијално би им ги расипале плановите.

Ди Лоренцо така ќе стане првото засилување на Наполи за следната сезона, а наскоро се очекуваат и преговори околу најдобриот стрелец во Серија А, Фабио Кваљарела, како и Доменико Беради од Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…