Германскиот фудбалер, Месут Озил се наоѓа во цетарот на скандалот откако што пред неколку дена официјално соопшти дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на Германија.
Озил се најде во скандалот поради фотографијата со претседателот на Турција, Ердоган, а откако што доби свирежи од навивачите на Германија одлучи да се збогува од репрезентацијата. Тој најмногу е повреден поради коментарите на фотографијата и изјави дека срцето го боли, бидејќи верува дека сето тоа се случува бидејќи е муслиман.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Сепак, неговата одлука да ја напушти репрезентацијата на Германија наиде на голема радост во Турција. Во градот од кој доаѓа неговото семејство, Деврек, Озил доби улица, а на влезот во неа стои голем банер со фотографијата на Озил. Фотографијата беше во дресот на Германија, но по сите случувања банерот беше променет.
Имено, градот кој се наоѓа во близина на Црното море одлучи да го промени банерот и фотографијата на Озил. И понатаму улицата е Месут Озил, но сега фотографијата е со турскиот претседател.