Фудбалскиот менаџер, Роџер Витман, денес беше фотографиран во Барселона, а се шпекулира дека допатувал во Каталонија за да го реализира трансферот на Јулијан Дракслер.
„Мундо Депортиво“ објави дека менаџерот на фудбалерот на ПСЖ преговора со Барселона, но деталите не се познати.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со доаѓаето на Нејмар, се очекува Дракслер да има многу помала минутажа, па поради тоа би можел да биде замине. Да потсетиме, Барселона ги посакуваше Марко Верати и Анхел Ди Марија, но ПСЖ одби да преговара кога во прашање е продажбата на овие двајца фудбалери.
Претходно, истиот медиум објави дека Барселона веќе го договорила Фелипе Кутињо и дека се очекува фудбалерот во текот на утрешниот ден да пристигне во Каталонија.
Draxler's agent is in Barcelona. [Bild] pic.twitter.com/437Ay9O1sm
— Catalan Edition (@CatalanEdition) August 5, 2017