Дома Фудбал Италија Фото: Вандали го уништија „Ѕидот на Интер“ во Милано

Фото: Вандали го уништија „Ѕидот на Интер“ во Милано

Вандалски чин беше направен синоќа во Милано, кога беше уништен новосоздадениот ѕид на Интер по повод 110 годишнината на клубот.

Графитот кој беше сликан неколку дена беше наречен „Ѕидот на Интер“ и се наоѓа близу до центарот на Милано. Уметничкото дело е високо 18 метри, широко 10 метри и беше направено во чест на 110-от роденден на клубот,

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Денес ѕидот на кој беа насликани Роналдо, Диего Милито, Хавиер Занети, Бергоми, Џузепе Меаца и Факети, осамна испрскан со црвена боја и натпис „Интер гомна“.

Фановите на Интер и Милан имаат исклучително добри односи, но најверојатно „росонерите“ ваквиот ѕид го прифатиле како провокација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…