Во ноември минатата година беше најавено дека статуата на Златан Ибрахимовиќ ќе биде поставена пред „Френдс Арена“, стадионот во Стокхлом каде што своите натпревари ги игра репрезентацијата на Шведска.
Златан единаести пат стана фудбалер на годината во Шведска, па не е изненадување тоа што неговата статуа ќе биде пред стадионот во Стокхлом.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Човекот од Росенгард ќе добие своја статуа во главниот град на Шведска. Такво нешто најчесто се случува кога ќе умрете, но јас се уште се чувствувам жив“, изјави Златан на церемонијата, кога тој ја доби последната награда за најдобар шведски играч на годината.
На Ибрахимовиќ ќе му биде оддадена голема чест, а статуата која ќе биде поставена пред стадионот ќе биде висока 2.7 метри. Сепак, до сега никој не знаеше како ќе изгледа таа.
Златан одлучи на својот Инстаграм профил да откри неколку интересни детали од својата статуа. Тој стави видео на кое може да се види главата со натпис: „Симболот на Шведска е речиси завршен“.
Zlatanova statua by goloviliga