Дома Македонски спорт Мак фудбал ФОТО+ВИДЕО: Волејот на Захариевски и ремито на Вардар со Рома на големиот Капело

ФОТО+ВИДЕО: Волејот на Захариевски и ремито на Вардар со Рома на големиот Капело

Во сезоната 2003/2004 во рамките од третата рунда во квалификациите за Купот на УЕФА, денешна Лига Европа италијанскиот гигант Рома гостуваше во Скопје.

Патникот во следната рунда беше решен во Италија каде што Вардар изгуби со 4:0, додека во Скопје црвено-црните со „волчицата“ одиграа 1:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома во Скопје не играше со најдобрите играчи, но во тимот имаше фудбалери како: Де Роси, Касано, Емерсон…

Тренер на Вардар тогаш беше Зоран Стратев кој на „Градски“ ги испрати следните 11:

Зекир, Веселиновски, Досевски, Васоски, Анјава, Захариевски, Ристовски, Георгиевски, Бренкович, Оливеира Да Коста и Брага.

Рома од клупата ја водеше големиот Фабио Капело кој се реши да истрча со:

Зоти, Зебина, Лима, Емерсон, Касано, Самуел, Д’Агостино, Де Роси, Мансини, Делас, Кандела.

Захариевски со еден фантастичен волеј ја погоди мрежата на Зоти за радост на „Градски“, а од тој момент Рома започна да игра подобро и да напаѓа, се редеа шанси пред голот на Зекир…Изедначувакиот гол беше дело на Мансини после 63 минути игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…