Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Шкупи доби засилување – Моzzart нов спонзор на фудбалскиот клуб

ФК Шкупи доби засилување – Моzzart нов спонзор на фудбалскиот клуб

Продолжува соработката на компанијата Mozzart со спортските колективи во Македонија, а ФК Шкупи е уште еден од низата клубови каде Mozzart ја продолжи својата општествено одговорна мисија и вложување.

Цел на оваа кампања е да се обезбеди финансиска поддршка на спортските клубови ширум Македонија, а по РК Еурофарм Пелстер, логото на Mozzart ќе се наоѓа и на дресот на лидерот во Првата Македонска Фудбалска Лига.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Компанија Mozzart на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, а горди сме што склучивме соработка и со еден од најпознатите фудбалски колективи во државата. Веруваме дека со ова партнерство ќе помогнеме во остварување на амбициите на клубот во наредниот период.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.

„Пред сè, морам да се заблагодарам на компанијата Mozzart, која нѐ поддржа и стана наш спонзор. На глобално ниво, тие отсекогаш биле голем поддржувач на спортот воопшто, како спонзори на многу големи клубови во Европа. Се надеваме дека нашиот договор со Mozzart ќе продолжи уште многу години. За фудбалската лига во Македонија, за нашиот клуб и за нашата земја, ваквата поддршка отсекогаш била неопходна, за нашите тимови да се развиваат уште повеќе.“- изјави генералниот директор на ФК Шкупи, Февзи Лајиќ.

Фудбалскиот клуб Шкупи е основан во 2012 година. Ја презеде историјата на славниот македонски тим Слога Југомагнат која замина во стечај поради финансиски колапс. Под името Шкупи, овој клуб почна од Третата лига на Македонија и во 2015 година влезе меѓу најдобрите. Оттогаш, Шкупи е стабилен прволигаш, а зад себе има четири учества во европските купови во последните четири сезони. Тренер на екипата е Гоце Седлоски, македонска фудбалска легенда со 100 настапи во дресот со националниот грб и поранешен играч на Матерсбург, Динамо Загреб, Хајдук, Шефилд Венздеј…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…