Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА не простува: По Србија, отворена постапка и против Хрватска

ФИФА не простува: По Србија, отворена постапка и против Хрватска

ФИФА пред неколку дена oтвори дисциплинска постапка против српската репрезентација поради спорното знаме во соблекувалната на „Орлите“ на кое беше истакната територијата на Косово со натпис „Нема предавање“, а сега на „тапет“ се и Хрватите.

Причината поради која светската куќа на фудбалот поведе постапка против Хрватска е навреда на голманот на канадската репрезентација Милан Борјан за време на натпреварот од второто коло од групата „Г“ на Светското првенство во кое Хрватите победија со 4 :1.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Борјан беше протеран од родниот Книн во операцијата „Бура“ во 1995 година, а се уште не е одлучено кога, како и дали Хрватска ќе биде казнета.

Со два порази, Канада ги загуби сите шанси за пласман во осминафиналето на Мундијалот, додека Хрватите ќе ја решаваат својата судбина во последниот натпревар од групата против Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шокантни зборови на поранешниот играч за врска на Интер: “Трипати се обидов да се убијам”

Фреди Гуарин, поранешен играч на средниот ред, се потсети на најтешките моменти од својот …