Фудбалерите на Фиорентина обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот, откако на домашен терен славеја над Аталанта со 2:1.
„Виолетовите“ одлично го отворија мечот и брзо дојдоа до водство во 11-та минута со голот на новото засилување, Патрик Кутроне.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Потоа следуваше период на доминација на Аталанта, а Пашалиќ ја имаше назрелата шанса, кога од само три метри ја погоди пречката, па на одмор се замина со мининална предност на „виолетовите“.
Минатогодишниот финалист ја продолжи дминацијата и во второто полувреме, се редеа шансите пред голот на Фиорентина, па во 67-та минута конечно дојде до израмнување со голот на Иличиќ.
Три минути подоцна Фиорентина остана со играч помалку после исклучувањето на Пацела, но после еден контранапад во 83-та минута Лирола погиди за голема победа и пласман во четвртфиналето.