Дома Трансфер зона Фиорентина доведе нов напаѓач од Штутгарт

Фиорентина доведе нов напаѓач од Штутгарт

Фудбалскиот клуб Фиорентина го потврди доаѓањето на крилниот играч на Штутгарт, Ник Гонзалес.

Аргентинецот со Фиорентина потпиша договор на пет години според кој ќе заработува 2.7 милиони евра. На германскиот клуб ќе му припаднат 23 милиони евра и уште четири преку разни бонуси.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Брајтон беше сериозно заинтересиран за Гонзалес и овој клуб беше блиску до договор, но на крајот тој ја отфрли можноста да премине во англискиот клуб.

23 годишниот фудбалер минатата сезона одигра 17 натпревари за Штутгарт и постигна шест голови, а подели и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…