Не можеше ваквиот успех да помине без негов коментар.
Здравко Мамиќ долго време беше „алфа и омега“ во загребскиот Динамо, имаше и големо влијание во сојузот и националниот тим, но поради судскиот процес и казната која му одреди судот од шест ипол години затвор, Мундијалот го следи од Босна и Херцеговина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но ситуацијата во која се наоѓа не го спречува да се радува на историскиот успех на репрезентацијата на Хрватска која во недела ќе игра против Франција за титулата светски шампион.
По тој повод Мамиќ се огласи преку неговиот Фејсбук профил.
„Ако сонувам, ве молам да не ме будите! Уште еднаш се покажа она што јас секогаш го истакнувам – хрватските фудбалери се најдоброто што Хрватска го има! ВИ БЛАГОДАРАМ ЈУНАЦИ! Вие играјте, а јас ќе се молам за вас“, напиша Мамиќ.
Ako ovo sanjam, molim vas da me ne budite! Još jednom se pokazalo ono što uvijek ističem – hrvatski nogometaši su ono najbolje što Hrvatska ima! HVALA VAM JUNACI! ??? Vi igrajte, a ja ću moliti za vas!
Gepostet von Zdravko Mamić am Mittwoch, 11. Juli 2018