Германецот Себастијан Фетел беше најбрз на денешниот трет тренинг пред квалификациите за Големата награда на Австрија.
Возачот на Ферари оствари време од 1:05.092, а зад него остана неговиот најголем конкурент во борба за титулата шампион, Луис Хамилтон со заостанува од две десетинки.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Зад нив завршија Валтери Ботас и Кими Раиконен, додека петата и шестата позиција им припадна на возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикардо.
Да потсетиме, денешните квалификации започнуваа од 14:00 часот.