Дома Видео Фер-плеј каков што ретко се гледа: Тренерот на Ренџерс им нареди на неговите играчи да пуштат гол

Фер-плеј каков што ретко се гледа: Тренерот на Ренџерс им нареди на неговите играчи да пуштат гол

Шкотскиот гигант, Глазгов Ренџерс славеше победа во вчерашниот натпревар од Купот на Шкотска против второлигашот Патрик Тистл со 3:2.

Меѓутоа овој натпревар се најде во центарот на вниманието поради инцидентот, но и спортскиот гест кој се случи во 70-тата минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се започна кога еден играч на Ренџерс лежеше повреден на теренот и гостите ја исфрлија топката во аут. Откако натпреварот продолжи играчите на Ренџерс им ја вратија топката, но Тилеман неспортски веднаш ја „украде“ и постигна гол.

Настана мал инцидент и турканици, а на крајот со џетлменски потег тренерот на Ренџерс им нареди на своите фудбалери да им дозволат на противниците да постигнат гол за 2:2. До крајот на средбата Реџерс постигна уште еден гол и славеше победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Официјално: Арапите и ФИФА потпишаа договор

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе стане главен глобален партнер на Меѓународната фудбал…