Дома Фудбал Репрезентации Фернандо Јеро беше само привремено решение: Четири кандидати во игра за нов селектор на Шпанија

Фернандо Јеро беше само привремено решение: Четири кандидати во игра за нов селектор на Шпанија

Шпанскиот фудбалски сојуз ја започна потргата по нов селектор..

Фернандо Јеро беше само привремено решение.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Откако Јулиен Лопатеги беше разрешен од должноста пред почетокот на Светското првенство во Русија, како привремено решение беше поставен Фернандо Јеро кој ја предводеше „Црвената Фурија“ на Мундијалот во Русија каде што Шпанците беа елиминирани во осминафиналето од домаќинот.
Како што пишуваат шпанските медиуми во овој момент четворица кандидати би можеле да го наследат Јеро.

Помеѓу кандидатие се: Роберто Мартинез, Кике Санчес Флорес, Луис Енрике и Мичел.

Актуелниот селектор на Белгија е означен во овој момент за главен кандидат, но тој има договор со селекцијата на Белгија на уште две години. Од друга страна останатите тројца стратези во овој момент се без ангажман.

Новиот селектор на Шпанија би требало да биде претставен кон средината на август.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Карвахал „урлал“ во соблекувалната по поразот на Реал Мадрид, а го цитирал и Жозе Мурињо

Арсенал го елиминираше Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на тре…