Дома Фудбал Останато Фернандеш по натпреварот со Македонија потпишува нов договор со Јунајтед

Фернандеш по натпреварот со Македонија потпишува нов договор со Јунајтед

Бруно Фернандеш вчера беше човекот на одлука во натпреварот помеѓу Португалија и Македонија, фудбалерот на Манчестер Јунајтед ги постигна двата гола во победата на Португалците од 0:2.

По овој натпревар како што јавуваат медиумите од Островот, Фернандеш ќе потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ и тоа може да се случи уште утре. Условите од договорот се договорени и тој ќе има важност до јуни 2027 година.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во Јунајтед Фернандеш настапува од 2020 година и со добрите настапи брзо се наметна како еден од лидерите на тимот. Претходно во кариерата Бруно го носеше дресот на Спортинг, Сампдорија, Удинезе, Новара и Боависта. Ќе потсетиме во Спортинг беа соиграчи со македонскиот капитен, Стефан Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…