Дома Фудбал Англија Фердинанд: Санчо ќе биде како ново засилување за Јунајтед

Фердинанд: Санчо ќе биде како ново засилување за Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд смета дека враќањето на Џејдон Санчо ќе биде како ново засилување за „црвените ѓаволи“.

22-годишниот Англичанец е надвор од тимот веќе три месеци поради физички и психички проблеми, но се врати на терените на мечот со Кристал Палас.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Санчо се врати во тимот и ако може да се врати како претходно, тој ќе биде како ново засилување за клубот. Ако имате толку талентиран играч, тој може да биде корисен за сите тимови. Тој ќе го направи Јунајтед многу поконкурентен тим“.

„Резервната клупа на Јунајтед во последниот месец не беше многу силна, па враќањето на Санчо ќе му даде на Тен Хаг многу повеќе опции во следните натпревари“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

И тоа е можно: Барселона го замолила Левандовски да не дава голови

Полскиот фудбалски ас Роберт Левандовски стана централна фигура во една од најчудните прик…