Дома Останати Авто Мото Ферари му подари победа на Хамилтон!

Ферари му подари победа на Хамилтон!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон запиша уште една победа сезонава, откако го освои првото место на денешната трка за Големата награда на Сингапур.

Трката практично беше решена на стартот кога возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен останаа без пласман по сударот на влажната патека во кој учествуваше и Макс Верстапен од Ред Бул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во таква ситуација без Фетел, кој ја имаше пол позицијата, Хамилтон и немаше проблеми да стигне до првата позиција на патеката „Марина Беј“, откако и безбедносното возило често беше на патеката.

Второто место го освои Даниел Рикардо од Ред Бул, а трет заврши вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Со бодови уште завршија, Саинц, Перез, Палмер, Вандорн, Строл, Грожан и Окон.

Во генералниот пласман води Хамилтон со 263 поени, пред Фетел со 235 и Ботас со 212. Кај кострукторите на првото мест е Мерцедес со 475 поени, пред Ферари со 373.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…