Вчера во Македонија се одигра дербито на колото помеѓу Шкендија и Вардар и Тетово кое и овој пат не помина без контроверзна одлука.
Во 38-та минута Најдовски испрати топка која од пречката заврши зад гол линијата меѓутоа главниот судија и неговите помошници не реагираа и не покажаа кон центарот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шкендија до победата стигна со голот на Имери во 23-тата минута.
Ваквата ситуација ги разбесни фудбалерите на Вардар, а некои од нив во текот на вчерашниот ден жестоко реагираа на социјалните мрежи.
Голманот Филип Гачевски се огласи преку неговиот Фејсбук профил.
„Дали воопшто треба да се игра против Шкендија? Втор пат ни се случува истото! ФФМ дали гледате што се случува? Цела Македонија гледа и се смее! СРАМОТА“, гласи Фејсбук статусот на Гачевски.
Без критики не остана и фудбалерот кој оваа зима се врати во редовите на црвено-црните, Хуан Фелипе.
За разлика од Гачевски, Фелипе го искористи неговиот Инстаграм профил каде што на на „стори“ кратко порача: „Срамота. Мафија“.
Шкендија со оваа победа дополнително ја зголеми предноста на лидерската позиција на табела и сега со осум бода има солидна бодовна разлика во продолжение од прдвенството. Шкендија има освоено 43 бода, додека Вардар 35.
Во следното коло Вардар го очекува гостување кај Ренова, а Шкендија која исто така гостува ја очекува средба против Македонија Ѓ.П.