Дома Трансфер зона Фекир денеска потпишува со англискиот гигант и го остварува трансферот на кариерата

Фекир денеска потпишува со англискиот гигант и го остварува трансферот на кариерата

Францускиот репрезентативец, Набил Фекир денеска би можел да потпише договор со вицешампонот на Европа.

По потпишувањето на Фабињо од Монако, денеска Ливерпул најверојатно ќе стане посилен и со Фекир, кој во голем трансфер доаѓа од Лион. Иако заинтересирани беа многу клубови, Јирген Клоп и „Црвените“ беа најблиску и најконкурентни, а според инфромацијата која ја објави „Canal+“, фудбалерот во текот на денот ќе ги изврши лекарските прегледи на „Енфилд“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој во Ливерпул доаѓа заедно со претставниците, по што ќе ги изврши формалностите и ќе потпише договор. Ливерпул на Лион ќе му плати 60 милиони евра, а сега можеме да кажеме дека Ливерпул МОРА да се бори за титулата во Англија со Фабињо, Фекир, Кеита, Салах, Мане, Фирмино

24-годишниот Фекир за Лион одигра 115 натпревари и постигна 45 гола, а игра главно зад напаѓачот, иако често може да се најде и во самиот врв на нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…