Неверојатна изјава на Роџер Федерер.
Имено легендарниот тенисер во својата кариера на АТП турнирите одигра вкупно 1.454 натпрева, а околу 1400 од нив одиграл со болки!?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Федерер денес во Мајами со свој пример е обиде да објасни со што се сретнуваат тениските асови секој ден. Тој многу добро го знае тоа затоа што одигра неверојатни 1.454 мечеви.
„Не можеш од недела во недела да се преправаш дека е се во ред и дека нема болки. Секој играч се носи на свој начин со таквата ситуација, но бидете сигурни дека во голем дел од случаите трпиме силни болки. Се откажуваме само кога ситуацијата е навистина серизона, кога се заканува на целата кариера. Можам слободно да кажам дека повеќе од 1.400 ги одиграв со болки во текот на кариерата. Скоро секогаш чуствувам болка“, објасни Федерер.