Швајцарецот во полуфиналето на Индијан Велс го совоја Хејон Чунг со што воедно го обезбеди првото место на АТП листата.
Федерер вчера го направи она што се очекуваше, победи и обезбеди ново полуфинале на Индијан Влес. За него ова беше 16 победа во исто толку натпревари во тековната година со што го изедначи својот рекорд од далечната 2006 година.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Швајцарецот славеше над Чунг со резултат 7:5 и 6:1.
„Ова навистина е одлично достигнување, се надевам дека ќе продолжам во ист темпо и ќе стигнам до 17 победа со што ќе го имам најдобриот старт во кариерата“, изјави Федерер кој ја брани титулата на Индијан Велс.
Следен противник на Федерер е младиот Хрват, Борна Чориќ кој во три сета го совлада Кевин Андерсон (2:6, 6:4, 7:6).