Дома Останати Тенис Федерер за 74 минути го „уништи“ 20-тиот играч во светот и се пласираше во четвртфиналето

Федерер за 74 минути го „уништи“ 20-тиот играч во светот и се пласираше во четвртфиналето

Роџер Федер експресно го обезбеди своето место во четвртфиналето на Вимблдон.

Швајцарецот со 3:0 во сетови 6:1, 6:2, 6:2 беше подобар од 20-тиот играч во светот Италијанецот Матео Бертинели.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Федерер во првиот сет до брејк стигна до резултат 2:1, а потоа ја потврди предност до крајот на сетот гледавме доминација бидејќи Роџер го доби со убедливи 6:1.

Ниту во другиот сет ситуацијата за Италијанецот не беше подобра, Федерер освои два брејка при резултат 2:1 и 4:2 и го доби сетот со 6:2.

Третиот сет беше можеби најлош за Бертинели, Федерер направи два брејка и поведе со 4:0. Во продолжение Италијанецот освои само два гема и третиот тенисер во светот го освои сетот со 6:2.

Во четвртфиналето Федерер ќе игра против Кеи Нишикори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…