Mногумина беа разочарани од односот на публиката кон Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон. Српскиот тенисер играше против Роџер Федерер, миленикот на британската публика и рекордер на Вимблдон, се очекуваше атмосферата да биде вообичаена за тениски натпревар, меѓутоа тоа не беше случај.
Секој поен на Федерер беше испратен со големи овации, а гледачите ги славеа дури и двојните грешки на Новак. Малку се наликуваше на фудбалска атмосфера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После мечот Ѓоковиќ призна дека му било тешко да игра во таква атмосфера, но дека бил психички спремен за нешто слично.
Неколку дена по финалето Федерер беше запрашан за односот на публиката кон Ѓоковиќ.
„Ќе добие ли Новак со оваа победа конечно почит каква што заслужува од публиката?“, гласеше прашањето кое му беше поставено.
„Треба да излезете на улица и луѓето да ги прашете за тоа“, одговори Федерер и додаде дека секоја победа помага во тоа.