Дома Фудбал Англија Фантастична понуда за Германецот: Дали е ова крајот на ерата со „Топчиите“?!

Фантастична понуда за Германецот: Дали е ова крајот на ерата со „Топчиите“?!

Иако ова лето не владееше преголем интерес за германскиот фудбалер, во последните три дена од преодниот рок се би можело да се промени.

Месјут Озил има уште една година договор со „Топчиите“, а за продолжување на соработката нема ниту збор.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Арсенал многу лошо стартуваше во ПЛ, по првите три кола, имаат три бода и се 16. пласирани на табелата, а еден од виновниците за ваквиот резултат е дефинитивно и германскиот интернационалец.

Сега, според пишувањето на англиските медиуми би можел да го напушти „Емирати“, како што пренесува „Скај“, за неговите услуги е заинтересиран Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ сега имаат многу средства на располагање, го продадоа Дембеле во Барселона за 105 милиони евра, па се решени дека добар дел од тие пари до крајот на преодниот рок ќе бидат потрошени.

Враќање во Германија се чини дека би бил вистински потег за некогашниот играч на Шалке, Вердер и Реал Мадрид, а прашање е дали Венгер е подготвен да го пушти во самата квечерина на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Промашување на кариерата за Де Брујне (видео)

Кевин де Брујне го игра последниот натпревар пред своите навивачи на „Етихад“, местото кад…