Дома Фудбал Англија Уште ова им требаше: Манчестер Јунајтед мета на – шпиун!

Уште ова им требаше: Манчестер Јунајтед мета на – шпиун!

Eкипата на Манчестер Јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата, а сега „црвените ѓаволи“ се најдоа во центарот на вниманието поради скандал надвор од фудбалските терени.

Медиумите на Островот пишуваат за скандал кој според информациите се случил во натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно, навивач поставил микрофон во соблекувалната со цел да го сними говорот на Тен Хаг до фудбалерите.

„Ова е шокантно кршење на правилата за безбедност и навистина е сериозно лошо што вакво нешто се случи. За среќа во инцидентот немаше некоја посебна намера. Во прашање е навивач на Манчестер Јунајтед кој сакал само да слушне што се зборува во соблекувалната. Но, тоа не е причина да нема грижи бидејќи останува прашањето како тој успеал да направи такво нешто“, изјави изворот за „Сан“.

Натпреварот помеѓу Јунајтед и Астон Вила заврши без победник 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Слот откри како го победил Атлетико: Мораш да го направиш тоа!

Ливерпул повторно мораше да постигне гол во последните минути за победа, а Арне Слот го ко…