Елиф Елмас се повеќе го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност.
Македонскиот бисер се поврузва со повеќе еворпски клубови, а сега во трката за неговиот потпис влегува нов клуб и тоа од италијанската Серија А.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите кои ги објавија денес италијанските медиуми тимот на Фиорентина сака да го види Елмас во своите редови и за неговите услуги е спремна да плати 15 милиони евра.
\
Елмас импресионираше со настапите во дресот на Фенербахче, но посебно повеќе за него се пишува откако имаше одлични два натпревари за репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Елмас прво силно блесна во Скопје во јубилејниот 100-ти натпревар на Горан Пандев во кој постигна два погодоци, а посебно убав беше вториот. На гости во Љубаљана не се запиша во листата на стрелци, но одигра тактички зрел меч и одлично ги извршуваше задачите од селекторот Ангеловски на средината на теренот.
Тимот од „Артемио Франки“ е последниот кој влегува во трката за Елмас. Претходно 19 годишниот македонски фудбалер се поврзуваше со уште еден калчолигаш – Лацио. Се споменуваа уште и имиња на клубови како на Тотенхем, Манчестер Сити, па и Реал Мадрид…
Во редовите на Фенербахче Елмас пристигна летото 2017 година, а според турските медиуми Фенер сега од него ќе се обиде заработи барем 25 милиони евра.