Дома Фудбал Италија Уште еден знак дека Роналдо заминува од Јувентус

Уште еден знак дека Роналдо заминува од Јувентус

Се погласни се шпекулациите дека Кристиано Роналдо ќе го напушти Јувентус ова лето, а сега се појави уште една индиција која го потврдува тоа.

Португалецот, кој обично е централна фигура во рекламите на „старата дама“, сега го нема во промоцијата на дресовите за следната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Матијас де Лихт, Бентанкур, Мекени и Дибала се избраните манекени кои ќе го промовираат новиот дрес, а португалската ѕвезда ја нема.

Иднината на Роналдо е под знак прашалник после слабата сезона на Јувентус, а особено после доаѓањето на Алегри на кормилото.

„Бјанконерите“ сакаат да се ослободат од високата плата на Португалецот, а медиумите тврдат дека неговиот менаџер наводно веќе му бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …