Дома Македонски спорт Успешен тест во Струмица: Македонија лесно ја совлада Ерменија 🎥

Успешен тест во Струмица: Македонија лесно ја совлада Ерменија 🎥

Maкедонската фудбалска репрезентација денес запиша сигурна победа против Ерменија во пријателскиот натпревар одигран во Струмица.

Македонските фудбалери ги совладаа Ерменците со 3:1 Од почетокот на средбата Македонија беше подобриот тим и создаваше шанси. Сепак и покрај неколкуте добри прилики кои ги имавме гол постигнавме дури пред крајот на првиот дел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Елиф Елмас го проигра Александар Трајковски кој мајсторски се ослободи од својот чувар и ја смести топката во мрежата. Со тој гол во 43. минута, нашата селекција замина со водство на паузата.

Не се променија работите многу и во второто полувреме, Македонија и со водство повеќе напаѓаше и создаваше шанси. За 2:0 се погрижи Милан Ристовски по еден час игра. Како се одвиваа работите во Струмица говори и податокот што Шишковски дури во 86. минута ја имаше првата интервенција.

Ердон Даци во 88 минута се запиша во листата на стрелци и тоа само две минути откако претходно влезе во игра на место на стрелецот Ристовски. Ерменците во последните секунди искористија едно наше невнимание и од слободен удар постигнаа гол за конечните 3:1.

Македонија до крајот на годината сега ја очекуваат последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство против Италија на гости и Англија дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…