Лајпциг е спемен да се раздели со Дајот Упамекано, но не во овој преоден рок, пренесува „Скај Спорт“.
Вчера директорот на Лајпциг, Минтцлаф потврди дека клубот е спремен да го продаде 22-годишниот дефанзивец доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи финансиските апетити на клубот.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Во договорот на играчот има откупна клаузула од 45 милиони евра, која ќе стане активна на крајот на сезоната.
Поради тоа заинтересираните клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, но не сакаат сега да испраќаат понуди и ќе чекаат на лето да ја активираат клаузулата.
Интерес за Упамекано покажуваат клубовите од Манчестер, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона и Челзи.