Дома Трансфер зона Ундер ја напушта Рома во јануари за 50 милиони евра!?

Ундер ја напушта Рома во јануари за 50 милиони евра!?

Раководството на Рома е спремно да го продаде Џенгиз Ундер уште во јануари доколку добие понуда од 50 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Арсенал, клубовите од Манчестер и Барселона се силно заинтересирани за турскиот репрезентативец и се спремни да испратат понуда во јануари.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ тврди дека Манчестер Јунајтед во Ундер гледа идеална замена за Алексис Санчез кој може да си замине од „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.

Рома е спремна да го продаде младиот напаѓач со цел да добие нови приходи кои ќе ги инвестира за нови засилувања.

Според шпанските медиуми директорот на „волчицата“ ваќе нашол замена за Ундер, а станува збор за шпанскиот репрезентивец Икер Муниаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…