Дома Фудбал Останато Ужас: Легенда на српскиот фудбал доживеал мозочен удар!

Ужас: Легенда на српскиот фудбал доживеал мозочен удар!

Прославениот фудбалер на Партизан и поранешен репрезентативец на Југославија, Џевад Прекази доживеал мозочен удар и итно е хоспитализиран во болницата во Белград.

На Прекази му се слошило во близина на Копаоник каде што има викендица и најбилските итно го пренеле во болница.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според информациите на „Телеграф“, тој е стабилизиран, меѓутоа ќе му биде потребен надзор од докторите. Прекази во Партизан помина цели 10 години, две во јуниорска и осум во сениорска конкуренција.

Дресот на Партизан го носеше на 153 натпревари на кои постигна 19 голови, потоа играше уште и за Хајдук од Сплит. Добар дел од кариерата помина и во Галатасарај каде што играше шест години.

Во клубот од Истанбул одигра 185 натпревари постигнувајќи 40 голови. Треба да се спомене и дека беше прогласен за најдобар странец во историјата на Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не можеше да ги сокрие емоциите, Салај се расплака по победата против Бормут (Видео)

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах не можеше да ги сокрие своите чувства по триумфот на Ли…