Дома Фудбал Останато Ужас во Израел: Убиен поранешен фудбалер додека го прославувал својот роденден!

Ужас во Израел: Убиен поранешен фудбалер додека го прославувал својот роденден!

Тажна вест ни пристигнуваат од Израел по нападот на Хамас врз Тел Авив. Во нападите бил убиен и еден поранешен фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Израелските медиуми пишуваат дека помеѓу загинатите е и 43-годишниот Луис Асулин, кој во Израел го носеше дресот на повеќе клубови. Според информациите тој бил убиен на забавата на неговиот 43. роденден.

Екс-фудбалерот заедно со своите пријатели бил на југот на Израел кога биле затекнати од ужасниот напад.

„Околу 50 терористи дошле во просторот каде што се одржувала забавата и убиле многу цивили, вклучувајќи го и 43-годишниот поранешен фудбалер“, пренесуваат медиумите.

Кариерата Асулин ја започна во Макаби Херзелија, а потоа играше во Макаби Петах Тиква, Беитар Ерусалим, Хапоел Петах Тиква, Хапоел Бер Шева и уште неколку клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…