Алексис Санчез е непрепознатлив…
Манчестер Јунајтед во вчерашниот ден го забележа и петиот пораз оваа сезона во Премиер лигата, а на ударот на јавноста покрај Пол Погба беше и Алексис Санчез.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Чилеанецот беше непрепознатлив, одигра катастрофално, впрочем како и целиот тим на Мурињо.
Сепак, Санчез привлекува посебно внимание кај навивачите кои само еден ден претходно го исмеваа настапот на Хентрик Михтаријан во дербито помеѓу Тотенхем и Арсенал.
Санчез имаше процент од само 64% успешни додавања, во превод секоја трета топка ја изгубил, немаше ниту еден шут во рамките од голот, а секој втор дриблинг му беше неуспешен.
Не ниту тука крајот, Санчез изгубил дури 36 топки на овој натпревар што е рекорд во Премиер лигата, а од кога пристигна од Арсенал тоа му се случило дури 125 на четири натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“.
Покрај тоа ова е втор гостински пораз во низа Јунајтед со Санчез во тимот, после Тотенхем, а Чилеанецот исто така и на тој натпревар беше под своето ниво.