Финалето во овогодинешниот Суперкуп на Европа кое требаше да се игра во Белфаст ќе биде преместено во Истанбул, градот кој требаше да биде домаќин на финалето во Лигатан а шампионите.
Истанбул требаше да ги пречека двата најдобри тима на „Стариот континент“, но одлуката на крајот падна Сити и Челзи да играат на „Драгао“ во Португалија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Турците секако ќе добијат материјална оштета поради трошоците за организација во изминатите месеци, но УЕФА дополнително им излезе во пресрет и им дозволила да го организираат Суперкупот кој е планиран да се одигра кон крајот на летото.
И во него би можеле да гледаме дуел на две англиски екипи затоа што Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на Европа игра против Виљареал.
Финалето во Лигата на шампионите е закажано за 29. мај.