Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА потврди: Ангеловски на ЕП ќе повика 26 фудбалери

УЕФА потврди: Ангеловски на ЕП ќе повика 26 фудбалери

Европската куќа на фудбалот донесе одлука да им дозволи на репрезентациите да повикаат 26 фудбалери за ЕП, а воедно го одобри и правилото за 5 замени.

Наместо 23 фудбалери секој селектор ќе може на списокот да пријави 26, а УЕФА се одлучи на ваков потег поради проблемите со пандемијата и поголемиот број на измени.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ова може да биде и добра вест за македонските фудбалери, бидејќи селекторот Игор Ангеловски нема потреба да го крати списокот и ќе може да повика 26 фудбалери.

Притоа, се очекува повеќе фудбалери да добијат минутажа на Европското првенство, бидејќи ќе има 5 измени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Нејмар со „уништена нога“ направи чудо (Видео)

Бразилската ѕвезда Нејмар направи чудо со Сантос. Дојде како спасител за паднатиот великан…