Дома Фудбал Италија УЕФА одлучи: На Сан Сиро одземено домаќинството за финалето во ЛШ

УЕФА одлучи: На Сан Сиро одземено домаќинството за финалето во ЛШ

Извршниот комитет на УЕФА му ја одзема организацијата на финалето во Лигата на шампиони на стадионот „Сан Сиро“ во Милано поради тоа што градските власти не можат да гарантираат дека домот на Милан и Интер ќе биде реконструиран.

Поради фактот што плановите за реконструкција на стадионот се ставени во мирување, УЕФА реши да ја поништи апликацијата на миланскиот стадион и повторно да го објави конкурсот за организација на големото финале што треба да се одигра за три години. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Бидејќи општина Милано не можеше да гарантира дека реконструкцијата нема да влијае на стадионот Сан Сиро и неговата околина, денеска беше донесена одлука повторно да се отвори процесот на наддавање за организатор на финалето на Лигата на шампионите 2026/2027 година. Се очекува одлуката за новиот стадион да биде донесена во мај-јуни 2025 година“, се вели во соопштението на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…