Aнглискиот судија Ентони Тејлор повеќе нема да суди на Европското првенство, тврди италијанската „Газета дело Спорт“.
Тејлор е една од главните теми во спортските медиуми по натпреварот помеѓу Германија и Шпанија. Бурни реакции предизвика неговата одлука да не досуди пенал по играта со рака на Кукуреља во шеснаесетникот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Германија поради таа ситуација отворена е и петиција на која се потпишале над 30.000 навивачи кои бараат повторување на натпреварот, нешто што е јасно дека нема да се случи.
На Европското првенство преостануваат да се одиграат уште двете полуфинални средби и финалето кое е закажано за в недела. Утре се среќаваат Франција и Шпанија, додека еден ден подоцна Англија и Холандија.